Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го поштеди регионот на Париз од карантин за време на викенд, со цел што е можно повеќе да ја задржи отворена француската економија, иако бројот на смртни случаи не опаѓа, пренесува „Ројтерс“.
Два извори блиски до Макрон велат дека премиерот Жан Кастекс денес може да воведе заклучување во северната област Па-де-Кале, како што тоа веќе го стори во француската ривиера, но не и во главниот град и околината, додава „Ројтерс“.
– Ако можеме да го избегнеме карантинот за време на викенд во Париз, ќе го сториме тоа. Секој викенд што го добиваме е важен – им рече Макрон на министрите.