Во Мадрид во понеделник на сила ќе стапат нови рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот.
Новите мерки вклучуваат ограничено движење, а властите соопштија дека ќе бидат опфатени 850.000 луѓе од Мадрид и околината.
Со новите мерки ќе биде ограничен пристапот до парковите и јавните места, а ќе биде дозволено собирање на група од шест луѓе.
– Мора да избегнеме карантин, мора да избегнеме економска катасторфа – рекла регионалната лидерка Исабел Дијас Ајусо.
Во Шпанија во четвртокот беа потврдени повеќе од 11.000 случаи, а 162 починале.
Вкупно заболеле повеќе од 625.000 луѓе, а најмалку 30.400 починале, покажуваат податоците на шпанското Министерство за здравство.