За вакцинирање против коронавирусот во Кина досега се употребени околу 22,8 милиони дози вакцини, а во тек е кампања на национално ниво за спречување на ширењето на инфекцијата пред лунарната Нова година во февруари и очекуваното зголемување на патувањата, пренесува „Ројтерс“ .
– Генерално, работата напредува непречено и уредно – рече заменик-директорот на Националната здравствена комисија Зенг Јиџин пред новинарите, зборувајќи за кампањата за имунизација.
Кина има намера да вакцинира 50 милиони луѓе пред лунарната Нова година во февруари, објави кинески „Глобал тајмс“ во јануари.
Кина ја прошири својата насочена програма за имунизација од средината на декември за да вклучи повеќе приоритетни групи со поголем ризик од пренесување на вирусот, во обид да спречи ширење на инфекцијата во текот на зимата и пролетта.
Националната програма за вакцинација сега фаворизира клучни ризични групи како што се вработени во медицински установи, јавен превоз и услуги за храна, како и деловни луѓе и студенти кои одат во странство.
Кина забележа најниско дневно зголемување на случаи на ковид-19 за повеќе од две недели, според официјални податоци, а здравствените власти соопштија дека 75 новопотврдени случаи биле пријавени на 26 јануари, што е помалку од 82 дена порано, а најниско дневно зголемување на 11 јануари.
Најголем број на локално пренесени инфекции е регистриран во североисточната провинција Хеилонгјанг.
Вкупно 89.272 случаи се потврдени во Кина за време на пандемијата, а починаа 4.636 лица.