Кинеска компанија за вакцини „Кансино бајолоџикс“ соопшти дека ефективноста на нејзината вакцина против ковид-19 во една доза може да се намали со текот на времето, иако треба да има стапка од 50 проценти или повеќе, најмалку пет до шест месеци по имунизацијата.
– Втората доза дадена на учесниците во студијата шест месеци по нивната прва инјекција може да обезбеди значителна заштита, бидејќи го зголемува нивото на антитела седум до десет пати, а ефикасноста на вакцината надминува 90 проценти – рече Џу Тао, главен научник на компанијата, во интернет-презентацијата за која „Ројтерс“ извести вчера, наведува „Гардијан“.
Компанијата соопшти привремени податоци во февруари, кои покажаа дека вакцината е 68,83 проценти ефикасна во спречување на симптомите на ковид-19 две недели по вакцинацијата, но стапката падна на 65,28 проценти по четири недели.
„Гардијан“ објави дека оваа кинеска вакцина е одобрена во Кина, Пакистан, Унгарија и Мексико, а „Кансино“ планира клиничко испитување во Кина за верзијата на вакцината што се применува со инхалација