СПОРЕД ТВРДЕЊАТА НА „РОЈТЕРС“
Еден месец пред Европската Унија (ЕУ) да се соочи со хаосот од коронавирусот, властите на нејзините членки тврдеа дека нема потреба од набавки на дополнителни медицински маски, респиратори и тестови за вирусот, се открива во еден документ на Унијата, тврди „Ројтерс“.
Ваквата група проценка воопшто не беше согласна со недостигот на маски и медицинска опрема со кои ЕУ се соочи неколку недели подоцна, кога Европската комисија процени дека потребите за медицинска опрема ширум Унијата се десетпати поголеми од она што е достапно.
Според документот, испаѓа дека властите од ЕУ можеби ја влошиле моментната состојба, преценувајќи ја својата способност за справување со епидемијата. Сѐ е под контрола, изјавил службеник од ЕК на 2 февруари, две недели откако Кина целосно ја затвори областа Хубеј.
– Постои силно ниво на подготвеност кај земјите-членки, повеќето од нив веќе поставиле сопствени мерки – изјавил наводно официјалниот службеник на состанокот.
Изјавата беше кажана само две недели пред да се појават и првите жртви во Италија, каде над 14.000 луѓе го загубија животот во борбата со ковид-19.
На прашањето дали реакцијата за коронавирусот од страна на унијата била пребавна, портпарол од извршната власт на ЕУ изјави дека комисијата понудила помош за нејзините членки. Тие пак, откако се соочија со реалноста на ситуацијата во март, реагираа на проблемот инвидуално, наместо да се борат со заеднички сили против вирусот, спречувајќи го извозот на медицинска опрема за нивните соседи.
Италија има само дел од 90-те милиони маски кои се потребни за медицинскиот персонал секој месец, а Франција нарача 1 милијарда маски недела, а производителите ги прилагодуваат производните линии со цел да произведат повеќе вентилатори.
На 31 јануари, на состанок на претставници од националните министерства за здравство, на комисијата ѝ било речено дека немаат потреба од помош за набавка на медицинска опрема, тврди „Ројтерс“. Само четири земји потврдиле дека можеби во иднина ќе бараат помош, но само доколку ситуацијата кај нив се влоши, според сознанијата на агенцијата. Земјите не беа именувани.
На 28 февруари, дури еден месец подоцна, Европската комисија започна со заедничката програма за набавка на маски за лице и други заштитни средства.
Според документот, членките исто така тврделе дека нивниот медицински персонал е обучен и знае како да се справи со пациентите заразени од ковид-19. Сепак, во Италија задолжително носење ракавици од страна на медицинскиот персонал започна дури на 24 февруари. Речиси 10.000 медицински лица во Италија заболеа од вирусот оттогаш.
И тестирањето за вирусот почна доцна, дурио на 4 февруари. Сега, ЕУ се соочува со голем недостиг од тестови, а набавката е направена дури на 18 март. Одлуката за заедничка набавка на вентилатори исто така доаѓа многу доцна, на 13 март, а набавката беше направена на 17 март.
Агенциите за контрола на болести на ЕУ проценија дека ризиците од надминување на капацитетите на здравствените системи ќе бидат „ниски до умерени“. Ваквата проценка се потпираше на податоци само на одредени земји-членки.
Еден месец подоцна, агенциите ги ажурираа податоците и изјавија дека ниту една земја-членка нема да има доволно медицински легла за интензивна нега до средината на април.