Речиси осум недели, вп Пекинг немаше ниту еден нов случај на коронавирус, немаше локални случаи и животот како да се врати во нормала. Компаниите и училиштата се отворија, луѓето се вратија на работа, а градскиот превоз и парковите беа преполни со луѓе. Но, илузијата на безбедност од вирусот беше скршена минатата недела, откако одново се појавија нови случаи, пренесува „Јуроњуз“.
Од четвртокот, со секој изминат ден, властите на Кина велат дека бројката на заразени од ковид-19 постојано се зголемува во јужно-западната област Фенгтаи. Голем број од заразените работеле во Чинфади, еден од најголемите пазари за снабдување на обошје, зеленчук и месо.
Кампања за тестирање на 356.000 луѓе беше веднаш покрената, а најмалку 180 од нив се заразени. Властите покажаа дека не сакаат да преземаат непотребни ризици, а градот беше ставен повторно под краток карантин. Рестриктивните мерки со кои властите се послужија претходно во справување со епидемијата беа повторно воведени, училиштата беа затворени, а се откажуваа и авионските летови, а на граѓаните им беше забрането да излегување од дома.
Доказите на властите, како и на истражувачите, сугерираат дека новите случаи се проширени и увезени од од Европа, според генетските секвенци кои се постари од оние во Европа според бројот на мутации. Сличен пораст на новозаразени имаше на крајот на мај и во Јужна Кореја, која на почетокот успеа да се справи брзо со пандемијата, но се појавија нови случаи откако училиштата беа отворени, а мерките за социјално дистанцирање беа намалени. Нови кластери на зараза на сличен начин се појавија и во Сингапур и Иран.
Во ниту еден од овие примери не станува збор за втор бран, туку одново појавување на смртоносната болест, која иако е сузбиена, не е целосно искоренета и победена.
Најновото ширење на нови случаи во Пекинг покажува колку лесно и брзо може вирусот повторно да се прошири. Но, исто така покажува дека некои земји се способни успешно да се справат со коронавирусот. Властите тврдат дека ова, најново ширење на вирусот е под контрола. Но, засега тоа е единственото нешто што можеме да го сториме, да се надеваме дека ширењето на вирусот успешно ќе може да се контролира.