По британскиот премиер Борис Џонсон, позитивен на коронавирусот е и министерот за здравство Мет Хенкок, кој се огласи на Твитер, нагласувајќи дека е заразен со Ковид-19.
Како што наведува, има благи симптоми и е во самоизолација во својот дом.
Два часа претходно, британскиот премиер Борис Џонсон објави дека е позитивен на коронавирус.
Во Велика Британија бројот на жртвите е најголем досега, 181 за само еден ден. Вкупниот број на починати во земјата досега е 759.