Владата на Италија донесе одлука на 3 јуни да ги отвори границите за граѓаните на Европската Унија со што овозможува слободно движење во земјата.
„Владата ја одобри уредбата предложена од премиерот Џузепе Конте и министерот за здравство Роберто Сперанза, со која ќе се отворат границите за жителите на ЕУ, Сан Марино и Ватикан од 3 јуни“, се вели во соопштението.
Движењето во регионите ќе биде повторно дозволено од 18 мај, а забраната за меѓурегионално патување ќе биде укината на 3 јуни.
Укинувањето на забраната за патување е значаен чекор на патот кон закрепнување за оваа тешко погодена земја, а владата се надева дека некако ќе успее да ја спаси летната туристичка сезона.
Италија е меѓу најпогодените земји во светот од коронавирус со повеќе од 31.600 смртни случаи и околу 223.800 случаи на заболени од 21 февруари.
Италија е трета земја во однос на стапката на смртност од „ковид-19“, зад САД и Велика Британија.