Иранското Министерство за здравство објави дека 250.000 дози од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска од Кина.
Заменик-министерот за здравство, Алиреза Раиси, рече дека Иран ќе добие вакцини и од другите производители, вклучувајќи ги и оние произведени во Индија, во блиска иднина, објави АП.