Локалните власти во Индонезија им наредиле на неколку лица кои го прекршиле законот за носење маска да копаат гробови за починатите од ковид-19.
Властите во една провинција во источна Јава казнија осум лица со тежок физички труд на локалните гробишта, за да направат пример од нив и да испратат порака до сите оние кои не сакаат да носат маски, пренесува „Њујорк пост“.
– Во моментот имаме само тројца копачи на гробови, затоа решивме да ги ангажираме и овие луѓе – рекол претставник на локалната власт.
– Се надевам дека ова ќе има влијание врз оние кои не сакаат да носат маски – додал тој.