Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци.
Министерството за здравство во земјата, денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 23.000 нови случаи на ковид-19, што е помалку од рекордните 25.000 кои беа потврдени во неделата.
Во Индија досега починале 20.000 луѓе како последица на вирусот.
Повеќе заразени од Индија моментно имаат САД и Бразил.
Индиските власти изјавија дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата туристичка атракција во Индија, Таџ Махал, поради состојбата.