Израел и Грција се согласија дека нивните граѓани, кои примиле вакцина против коронавирусот, ќе може слободно да патуваат во двете земји.
– Треба да им го олесниме патувањето на оние што даваат доказ за вакцинација и имаме намера да го сториме тоа со Израел (…), кој е далеку пред нас во однос на вакцинацијата – рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во заедничката изјава со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху.
Договорот ќе им овозможи на израелските туристи да патуваат во Грција без никакви ограничувања и без карантин“, додаде Нетанјаху.
Израел вчера почна да излегува од третиот карантин што го воведе во декември, но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови суспендирани до 20 февруари.
– Зелениот пасош ќе биде воведен кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување – рече израелскиот премиер.