Новите податоци од израелското Министерство за здравство сугерираат дека вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“ против коронавирус може да биде дури и поефикасна отколку што првично се сметаше.
Овие податоци се добиени по набљудување на повеќе од 700.000 луѓе кои ги примиле обете дози на вакцината, а откриено е дека само 0,04 проценти од тој број имале ковид-19.
Видовите вакцини што ги користи главно Израел се оние развиени од „Фајзер“ и „Бионтек“, со употреба на помали дози од американската „Модерна“. Двете вакцини се развиени врз основа на истата технологија, а првичните тестови покажаа дека се ефективни околу 95 проценти.
Овие податоци се однесуваат точно на 715.425 вакцинирани, од кои 317 заболеле од ковид-19.
Приближно 75.000 луѓе учествувале во овие испитувања, од кои половина примиле вакцина, а останатите плацебо.
Израел ја започна кампањата за вакцинација на 20 декември минатата година и се смета за водечка земја во тој процес на светско ниво, пишува Си-ен-ен.