Најмладиот пациент заразен со вирусот ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван.
Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската граница со Франција, и членовите на неговото семејство се меѓу првите потврдени случаи во регионот, јавуваат италијанските медиуми.
Освен детето, излекувани се и неговите мајка, баба и дедо.
Во Италија, од почетокот на епидемијата на коронавирус, бројот на позитивни случаи надмина 119 илјади, а повеќе од 14 илјади починаа.