Во Москва е извршена првата трансфузија на крвна плазма од пациент кој закрепнал од вирусот ковид-19 на заболен пациент, изјави заменик-градоначалникот на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова.
Според неа, крвна плазма донирале 11 пациенти кои оздравеле од новиот коронавирус, додека седум пациенти кои се уште се лекуваат примиле трансфузија, пренесува ТАСС.
– Ние ја следиме работата на нашите колеги во други земји и знаеме дека слично истражување е успешно спроведено во Кина, Германија и САД. Се надевам дека новата методологија ќе ни помогне ефикасно да се бориме против пандемијата – рече Ракова.
Институтот Склифозовски како и Центарот за трансфузија на крв Гаврилов беа вклучени во истражувањето за ефектот на лекувањето на овој начин.
Според последните податоци, 10.131 лица се заболениод од новиот коронавирус во Русија, од кои повеќето случаи биле потврдени во Москва – 6.698.