Премиерката на Белгија Софи Вилмес вчера посети неколку болници за да пружи поддршка на здравствениот персонал, но пречекот таму беше мошне студен.
Дел од медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречека со шпалир, завртувајќи ѝ го грбот на Вилмес, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството. Тие, како што пренесуваат медиумите, се незадоволни од намалениот буџет, малите плати, а се соочуват и со недостиг на персонал.
Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, додавајќи дека е потребно да се врати вредноста на професијата.
– Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита – напиша Вилмес на Твитер.