За временската рамка за одобрување на руската вакцина „спутник В“ во Европската Унија ќе се знае кон крајот на април, изјавија учесниците на конференцијата за стратегија за вакцинација на ЕУ.
Руската вакцина против ковид-19, „спутник В“ е една од трите тековно тестирани во Европската агенција за лекови, рече Ноел Ватион, заменик-извршен директор на агенцијата, на конференцијата организирана од Претставништво на Европската комисија во Хрватска.
За „спутник В“, тој посочи дека е потребно да се испитаат производствените погони во Русија, бидејќи тие немаат европски сертификати за производство.
– Ние работиме со делегација на Европската комисија во Москва и инспектори од земјите членки за да извршиме инспекции во наредните недели – рече Ватион, додавајќи дека крајната временска рамка за одобрување на руската вакцина ќе биде позната кон крајот на април или почетокот на мај.
Вакцината „спутник В“ досега во Европската Унија ја нарачаа само Унгарија и Словачка.
Прашањето на руската вакцина во Словачка предизвика контроверзии и предизвика политичка криза што резултираше со оставка на премиерот Игор Матовиќ, пишуваат медиумите во регионот.
Австрискиот премиер Себастијан Курц објави дека неговата земја следната недела најверојатно ќе нарача милион дози „спутник В“, објави „Ројтерс“.