Стравувањата на австриските власти се остварија, бидејќи кластерот на заразени од коронавирус кои во земјата се вратиле по масовна забава на хрватскиот остров Паг, постојано расте. Во моментов, регистрирани се 215 заразени лица, кои се распространети низ сите девет австриски покраини.
На фестивалот на островот Паг, односно на забавата на плажа, каде што очигледно дошло до ширење на вирусот, имало 2.500 посетители. Австриските власти претпоставуваат дека бројот на заразени лица е далеку поголем од моментално познатите случаи. Поради овој кластер, австриските власти размислуваат за воведување на задолжително тестирање при враќање во земјата.