ЕУ планира да ја стави Јапонија на својата листа на безбедни земји за патувања, а Велика Британија ќе треба да почека да биде додадена на тој список, беше објавено денеска од Брисел.
Конечната одлука Јапонија да се стави на списокот на безбедни земји треба да биде потврдна од амбасадорите на 27-те земји членки на ЕУ на утрешниот состанок, а одлуката за Велика Британија е одложена до следниот состанок закажан за 14 јуни бидејќи во таа земја е откриен т.н. индиски сој на коронавирусот.
Според сегашните прописи, само граѓани од седум земји може да влезат во ЕУ за време на летните одмори, меѓу нив се Австралија, Израел и Сингапур, без оглед дали лицата биле вакцинирани.
Германија и Франција наредија задолжителен карантин за посетителите од Велика Британија, Австрија го забрани влезот за Британците, а Португалија и Шпанија почнаа да прифаќаат британски туристи, пренесуваат европските медиуми.