Европската комисија размислува да искористи дел од парите од европскиот кризен фонд, вреден 2,4 милијарди евра, за да го зголеми капацитетот на фармацевтските лаборатории за да се обезбеди производство на доволно вакцини за Ковид-19.
Во моментов се достапни скоро 2,4 милијарди евра во фондот, кој Комисијата го опишува како гранка на ЕУ за финансирање на борбата против пандемијата. Околу 300 милиони евра од првичниот буџет веќе се потрошени за заштитни маски и зајакнување на здравствените капацитети.
ЕУ, исто така, започна со собирање на планираните 380 милиони евра во март за изградба на залихи на медицинска опрема, лекови и вакцини.