Европската комисија денеска соопшти дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за набавка на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против ковид-19.
Извршното тело на ЕУ, кое преговара во име на 27 членки на блокот, рече дека договорот вклучува опција за купување дополнителни 100 милиони дози доколку вакцината се потврди дека е безбедна и ефикасна.
Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против ковид-19 од неа.
Компанијата и британската влада ќе соработуваат во третата фаза од клиничкото испитување со цел да се процени ефикасноста на вакцината кај британското население, се наведува во соопштението.
Не се објавени финансиски детали за договорот.
Ќе биде објавена студија за речиси 9.000 лица на возраст од 18 до 85 години.