Европската комисија (ЕК) сака да склучи договори со шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани.
Фармацевтските компании „Санофи СА“ и „ГлакоСмитКлин Плц“ објавија дека се во напредната фаза на преговори за испорака на 300 милиони дози на експериментални вакцини против ковид-19 за Европската унија.
ЕК објави дека целта на разговорите со Санофи е однапред да се склучи договорот за набавка.
Како што се наведува, претпоставениот договор со Санофи би предвидувал можност сите земји-членки на ЕУ да ја купат вакцината.
– Предвидено е, откако вакцината ќе се покаже како безбедна и ефикасна против ковид-19, Комисијата да има договорна рамка за набавка на 300 милиони дози, во име на сите земји-членки на ЕУ – се додава во соопштението.
Портпаролот на Комисијата рече дека не може да коментира кога ќе биде објавен договорот и која е можната цена на вакцината.