На 1 јуни, Турција ја објави првата фаза на олеснување на рестриктивните мерки, со оглед дека земјата постигна напредок во борбата против пандемијата на коронавирус, јавува Турската радио-телевизија.
Во Турција досега се потврдени 172.111 случаи на инфекција со вирусот на корона, додека бројот на оздравени е над 144.598. Досега, 4.728 лица починале од последиците од коронавирусот, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Ердоган најави дека како дел од олеснување на мерките, кината, театрите и трговските центри ќе бидат отворени од 1 јули низ целата земја. Тој додаде дека работното време на објектите, како што се ресторани и кафулиња, се продолжува од 22 на 24 часа.
Исто така, на граѓаните на возраст над 65 и повеќе години ќе им биде дозволено да излегуваат секој ден помеѓу 10 и 20 часот, а ограничувањето за движење за оние помлади од 18 години е целосно укинато, под услов тие да бидат придружени од нивните родители. Свадбените сали ќе започнат со работа на 15 јуни.
Ердоган рече дека турските научници го произвеле лекот Фавипиравир, кој се користи за лекување на ковид-19.
Ердоган најави продолжување на олеснување на воведените ограничувања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесува агенцијата „Анадолија“.
– Мораме да се навикнеме на фактот дека периодот што го нарекуваме „нова нормалност“ ќе трае малку подолго – рече Ердоган по седницата на владата.