Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе започне да истражува следната недела дали клиничките испитувања на руската вакцина против ковид-19, „спутник в“, се спроведени во согласност со глобалните клинички и научни упатства, објави „Фајненшл тајмс“.
ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознаени со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на „спутник В“ не биле спроведени во согласност со етичките стандарди.
Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека не бил извршен притисок врз учесниците и дека испитувањата биле спроведени во согласност со клиничката пракса.
Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината развиена од државна лабораторија и финансирана од РДИФ.