Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.
„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, компанијата објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот откога веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.