Бавната и хаотична вакцинација против коронавирус во ЕУ во однос на Велика Британија и САД може да ја чини европската економија десетици милијарди евра, дури 100 милијарди, покажа студија на агенцијата „Блумберг“.
Затворањето поради коронавирусот значи дека економијата на ЕУ работи на околу 95 отсто од нивото пред пандемијата, што е околу 12 милијарди евра изгубено производство неделно.
Исто така, ЕУ е неколку недели зад ривалите во однос на вакцинацијата и напредува побавно од нив.
Ако тоа не се промени, ЕУ ќе мора да го задржи „заклучувањето“ и другите ограничувања, дури и кога другите водечки економии ќе се вратат во нормала. Доцнењето од еден месец или два значи штета од 50 до 100 милијарди евра.