Омикрон-варијантата на коронавирусот ќе нè погоди сите, предупреди американскиот бизнисмен и еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Гејтс на Твитер истакна дека ги откажал повеќето планови за празниците.
– Токму кога се чинеше дека животот се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата. Омикрон ќе нè погоди сите. Мои блиски пријатели го имаат сега, па ги откажав повеќето од моите планови за празниците – напиша Гејтс.
Тој исто така посочи дека единствена добра вест е тоа е што омикрон се шири со таква брзина што кога ќе стане доминантен во една земја, бранот на тој вид треба да трае помалку од три месеци.
– Тие неколку месеци може да бидат лоши, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата би можела да заврши во 2022 година – нагласува Гејтс.