Поради пораст на бројот на инфекции со коронавирус, властите во Франкфурт одлучија да реагираат и да воведат построги антипандемиски правила.
Тоа вклучува скратено работно време за баровите, клубовите и за рестораните.
Во Франкфурт ќе биде воведен и полициски час од 22 часот, а во најпрометните улици и трговски центри ќе може да се влезе само со заштитна маска.
Приватните прослави ќе бидат ограничени на 25 луѓе на јавни места и 10 луѓе на приватни собири, а пиењето алкохол ќе биде забрането цел ден на јавни места и во паркови.
Како што се оценува, мерките негативно ќе се одразат на работата на рестораните, кината, театрите и на концертните сали, но се неопходни.
– Овие мерки ги воведуваме бидејќи должност ни е да ги заштитиме најслабите во општеството, нашите најмлади и најстари сограѓани, болни и немоќни. Благодарение на ваквите ограничувања децата може да продолжат да одат во градинка и на училиште. Тоа е цената што мораме да ја платиме за да спречиме целосна забрана за движење – велат од локалната самоуправа.