Кинескиот град Вухан, од каде почна епидемијата на коронавирусот и денеска забележа само еден нов случај на заразата. Уште 12 случаи се забележани во цела Кина. Сите се меѓу луѓето кои пристигнале од странство.
Кина бара сите кои ќе пристигнат од странство да бидат во карантин 14 дена, но не ги затвори границите.
Земјата во која почна епидемијата кон крајот на 2019 година, сега има 155 случаи на зараза од странство, а вкупно 80.900 заболени, соопшти министерството за здравство.
Министерството исто така наведува дека 11 лица починале во последните 24 часа. Кинеските власти веруваат дека Кина го надминала најтешкиот дел од кризата.