Во Шпанија во последните 24 часа се потврдени 3.594 случаи на заболени со коронавирус, објави шпанското Министерство за здравство.
Од почетокот на пандемијата, вкупниот број на потврдени случаи во Шпанија се зголеми на 419.849, што е највисок број во Западна Европа.
Според Министерството, седум лица починале од вирусов во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 28.971.