Во Шпанија, 517 луѓе починаа за 24 часа, што е помалку од претходните денови и укажува на тренд на намалување на дневната бројка.
Вкупниот број на починати во европската држава достигна 17,489 лица, соопшти денеска Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“.
Во Шпанија, веќе трет ден по ред, бројот на починатите се намалува. Во земјата се регистрирани вкупно 169.496 позитивни случаи на коронавирус.