Најмалку 3.000 луѓе починале како резултат на вирусот ковид-19, соопшти шведската Агенција за јавно здравје. Досега во земјата се регистрирани 24.623 случаи заразени со вирусот.
Епидемиолозите во Шведска го оценија како успешен нивниот пристап кон пандемијата без мерки на ограничување, а Си-ен-ен наведува дека бројот на заразени и бројот на починати не го потврдува нивниот став.
Шведска за разлика од другите европски земји не воведе строги ограничувања за граѓаните.