Во Турција се притворени 402 луѓе поради ширење лажни вести за коронавирусот.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека официјалните лица прегледувале повеќе од 6.000 профили на социјалните мрежи.
Министерството соопшти дека се приведени корисници на социјални медиуми за наводен обид за предизвикување паника поради пандемијата на коронавирус, кои, меѓу другото, ја обвинуваат владата дека не сторила доволно за да ја спречи епидемијата и дека лаже за бројот на смртните случаи и бројот на заразените.
Во Турција се регистрирани 2.805 смртни случаи и 110.130 потврдени случаи на Ковид-19.
Досега биле тестирани речиси 890.000 луѓе.