Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 1.798 нови случаи на коронавирус од 6.368 тестови, а 23 лица починаа, објави словенечката влада.
Според новите официјални податоци, бројот на вкупно потврдени инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми на 32.503, а во моментот се активни 20.980 случаи, објави Министерството за здравство.
Сè уште постои загрижувачко зголемување на бројот на пациенти во болниците и оние со посериозна состојба, така што во моментов се хоспитализирани 703 пациенти, од кои 122 се на одделите за интензивна нега.
Бројот на активни случаи, како и бројот на луѓе во болниците, е најголем досега.
Бројот на смртни случаи за еден ден е најголем досега, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 315.
Владата синоќа, поради драматичната состојба со ширењето на вирусот, ги продолжи за уште една недела строгите мерки што го запреа социјалниот живот, а економските активности продолжуваат со примена на мерките за заштита.