Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и моментно таму има најголем број заболени.
Досега во САД починаа 1.711 лица од вирусот, а целосно заздравеа 894.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во наредните 100 дена ќе произведат 100.000 вентилатори неопходни за борбата против епидемијата со коронавирусот, јави „Ројтерс“.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, предупреди дека за Њујорк, кој е епицентар на заразата во САД, април ќе биде потежок од март, а мај потежок од април, и дека на градот ќе му биде потребна сојузна помош.