Вкупниот број луѓе што останале без работа во изминатите седум недели надмина 33 милиони луѓе, пишува „Њујорк тајмс“, од кои само минатата недела се пријавиле уште 3,2 милиони луѓе за добивање бенефиции за невработеност.
Според извештајот на американското Министерство за труд, бројот на неделни пријави за добивање надомест се намалува во однос на рекордното ниво од 6,9 милиони, што беше забележано кон крајот на март.
Економистите предвидуваат дека месечниот извештај ќе покаже дека стапката на невработеност во април го достигнала нивото од времето на големата депресија од 15 проценти или дури и повеќе.