Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 814 лица, објави италијанското Министерство за надворешни работи.
Потврдени се 24.099 нови случаи на Ковид-19, што е повеќе од вчерашната бројка – 23.225 заразени.
Според официјалните податоци, во Италија биле тестирани уште 212.741 лица.
Во Италија од почетокот на епидемијата од коронавирус се заразиле 1.689 милиони луѓе, од кои 58.852 починале.