Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство.
Според Националната здравствена комисија, уште петмина починале од „Ковид-19“, сите од провинцијата Хубеи, каде избувна епидемијата.
Единствената кинеска локална трансмисија на болеста е евидентирана во провинцијата Хенан.
Во последните неколку дена се увезени скоро сите нови случаи на зараза во Кина, односно станува збор за патници кои доаѓаат од странство.