Во Кина во последните 24 часа се потврдени 206 нови случаи на коронавирус, додека нов бран нa епидемијата се заканува да го поништи успехот на земјата во борбата против вирусот.
99 од 107 нови симптоматски случаи биле локално пренесени, а останатите биле увезени од странство. Останатите 99 нови случаи се асимптоматски.
Во провинцијата Хебеи пријавени се 15 нови случаи, а во главниот град на таа провинција, Шиџијазуанг, епидемијата што избувна на почетокот на јануари сè уште не е потисната и покрај масовните тестирања и строги мерки.
Пекинг и Шангај објавија дека имаат по три случаи.