Дводневниот тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирус во Италија денеска е прекинат. За 24 часа починале 743 луѓе.
Бројот на смртни случаи во Италија од вирусот Ковид-19 се искачи на 6.820.
Бројот на активни случаи исто така е во пораст за 3.612 луѓе и сега изнесува 54.030, а вкупниот број на заразени е 69.176.
Позитивна вест е дека бројот на излекувани е во пораст, односно дека нивниот број пораснал од вчера за 894 на вкупно 8.326.