Според соопштените податоци од италијанското Министерство за здравство, билансот од опасниот коронавирус за заболени изнесува 31.506, додека пак за починати изнесува 2.503 од крајот на јануари па до сега.
Спроед информациите од министерството во моментот 26.062 луѓе кои се позитивни на коронавирусот се наоѓаат во изолација, од нив 11.108 се во домашна изолација, хоспитализирани се 12.894 заболени, а 2.060 се на интензивна нега. Бројот се искачи на 31.506 бидејќи се уште се пресметуваат починатите и излекувани
Пјаченца е на шесто место по број на заболени, после Бергамо, Бреша, Милано, Кремона и Лоди.
Италијанските медиуми обајвија дека имаат план да отворат две мобилни болници во Милано со капацитет од 500 кревети за интензивно лекување и во Бреша за 200 кревети.