Бројот на ново заразени со коронавирус во Австрија експлодираше во изминатите денови. Експертите се нервозни и предвидуваат дека нема подобрување на повидок. Само вчера и денес, во изминатите 48 часа, оваа алпска земја регистрираше 7.400 новозаразени со коронавирус, пренесуваат австриските агенции.
Она што е особено загрижувачко за австрискиот национален штаб за коронавирус и епидемиолозите и виролозите е дека Австрија бележи се повеќе случаи на инфекција со ново подмножество на вирусот делта, односно варијантата „делта плус“ со ознака AY.4.2.
Според експертите, овој подтип тој се разликува од претходниот основен делта-сој со две мутации во протеинот Спајк: Y145H и A222, и затоа е многу позаразен.
Експертите се уште се расправаат за тоа дали е многу поопасен од основниот делта-сој.
Експертот за молекуларна биологија Улрих Елинг за австрискиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека повеќе од 30 случаи на инфекција со новиот делта вирус на коронавирус се пријавени во Австрија во последните недели.
– Оваа варијанта е 10 до 15 проценти позаразна од основниот делта-сој – тврди Елинг.
Според експертите, новиот подтип на вирусот „делта плус“ брзо се шири во Европа. Особено во неговиот континентален дел, каде што веќе се евидентирани околу 1.000 случаи на инфекција. Повеќето од нив се во Германија, 293. Обединетото Кралство е особено во неволја, каде што се евидентирани и потврдени над 20.000 случаи на инфекција со овој подтип на делта-плус вирусот, кој исто така е присутен во Израел.
Она што веќе се посочува е дека овој подтип исто така ќе биде потиснат, но наводно ќе биде многу побавен од другите претходни варијанти на коронавирусот.