Вонредната состојба во Италија воведена поради епидемијата на коронавирус, судејќи по сè ќе биде продолжена до почетокот на мај, најави началникот на Агенцијата за цивилна заштита, Анџело Борели, пренесува „Ројтерс“.
Италијанската Влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 13 април, а тоа значи дека се ограничува движењето на луѓето и дека се затворени сите фирми кои не се важни за снабдување на населението.
Зборувајќи во емисија на националното радио РАИ, Борели ја најави можноста мерките да бидат продолжени до 1 мај.
– Мора да бидеме ригорозни – предупреди Борели.