Велика Британија следниот месец може да ја одобри вакцината против ковид-19 на „Новавакс“, изјави Пол Хит, шеф на истражувачкиот тим на „Новавакс“.
– Регулаторот ќе изврши многу детален и темелен преглед и ние ќе одлучиме навреме – рече професорот Хит, пренесува „Ројтерс“.
– Се надевам дека ќе биде напролет, можеби на крајот на април – додаде тој.
Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“ развива вакцина што користи протеини од коронавирусот за да предизвика имунолошка реакција, со метод сличен на веќе одобрените вакцини против херпес зостер.