Велика Британија почнува масовно тестирање на 80.000 граѓани од врата на врата во областите каде што е откриен новиот сој на коронавирусот од Јужна Африка, пренесува „Гардијан“.
Во осум области, каде што е откриен новиот сој од Јужна Африка, граѓаните ќе бидат тестирани, без оглед дали имаат симптоми на болеста.
Речиси 10.000 граѓани ќе бидат тестирани во секоја од овие области, а три се наоѓаат во Лондон.