Во Велика Британија од 8 јуни ќе биде задолжителен 14-дневен карантин за секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, рече британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, а со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Сега, откако го поминавме врвот на заразата мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно ширење на оваа смртоносна болест – рече Пател на прес-конференција.
Непочитувањето на оваа мерка ќе се казни со казна до 1.000 фунти.
Карантинот нема да биде задолжителен за оние што доаѓаат од Република Ирска, возачите на камиони, медицинскиот персонал и сезонските земјоделски работници, а мерката ќе се преиспитува на секои три недели.