Во новата црвена зона Мондрагоне на југот на Италија, каде има околу 50 заразени лица, вклучително и бугарски државјани, било тензично во текот на ноќта.
Пожарникарите интервенирале синоќа околу 2 часот поради пожар во комбето, за кое се верува дека е во сопственост на човек од Бугарија, јавија италијанските медиуми, додавајќи дека било искористено шише со запалива течност.
Група Бугари од таа општина во знак на протест претходно ги премина границите на црвената зона, по што полицијата ги врати назад, пренесува агенцијата „Анса“.
Властите во понеделникот го прогласија Мондрагоне за црвена зона откако беше откриено жариште на ковид-19, а локалните власти наредија строга контрола врз областа.