Бројот на заразни лица со ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Ворлдометер.
Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, додека се опоравиле скоро 30 милиони луѓе – 29.927.866.
Во моментов има 8.971.671 активни случаи во светот, од кои 8.899.700 имаат благи симптоми, а 71.971 се во критична состојба. Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140, во Индија – 7.494.551, во Бразил – 5.224.362 и во Русија 1.399.334.
Од европските земји, најпогодени се Шпанија – 982.723, Франција со 867.197 заболени и Велика Британија со 705.428 заразени со ковид-19.