Негативните ефекти од минатогодишната божиќна забава во кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон, за време на карантинот, како и одењето на финската премиерка Сана Марин во ноќен клуб откако била во контакт со заболен од ковид-19, наидоа остри критики од јавноста во двете држави бидејќи би можеле да ги подријат напорите за сузбивање на пандемијата.
Таканаречениот „ефект Камингс“ од минатата година, додеде до негативни и долгорочни последици врз довербата на јавноста, по прекршувањето на превентивните мерки во текот на националниот карантин, со патувањата на Доминик Камингс, помошникот на британскиот премиер, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на мислењето на експерти.
Другото очигледно прекршување на прописите се случило во кабинетот на британскиот премиер минатиот декември. Оваа случка е актуелизирана деновиве преку снимките на кои се забележува како помошниците на Џонсон се шегуваат во врска со забава. Тие на тој начин ризикуваат продлабочување на недовербата во министрите, во ситуација кога државата се соочува со рестрикции од „планот Б“ во борбата против ширењето на омикрон, предупредуваат британските експерти.
Универзитетскиот професор по психологија Стефен Рајчер смета дека уривањето на довербата може потенцијално да влијае и врз кампањата за вакцинација.
– Оние кои веќе имаа намера да ги прекршат правлата, се почувствуваа охрабрени. На овој начин им беше дадено оправдување за кршење на правилата. Не значи дека тоа го менува мислењето на луѓето, туку ги охрабрува да дејстуваат на начинот на кој веруваат дека треба да дејствуваат – смета Рајчер.
Финската премиерка Сана Мартин вчера се извини на јавноста за скандалот по објавувањето на фотографија на која таа е забележана во ноќен клуб, откако министерот за надворешни работи, со кого била во контакт, добил позитивен тест на ковид-19.
– Згрешив. Ја разгледав ситуацијата повнимателно – кажа Марин во телевизиско интервју по скандалот.
Таа, исто така, преку Фејсбук објасни дека не сакала да прекине да се забавува во саботата, откако и било кажано оти била изложена на коронавирусот ден претходно. Тројца министри од финската Влада исто така биле во контакт со заразениот колега.
Државниот секретар во разговор со Марин, кажал дека министрите нема да одат во карантин бидејќи биле потполно имунизирани, додека кабинетот на премиерката им пратил порака да избегнуваат контакти.
Финскиот министер за економски прашања Мика Линтила присуствувал на фудбалски меч во неделата, наспроти советите да избегнува контакт со други лица, според финските медиуми.
Останува да се види какви ќе бидат ефектите од скандалите во борбата против пандемијата и дали извинувањата на политичарите ќе помогнат.