Шерон Пикок, директорка на британската програма за генетски надзор, смета дека новиот вид коронавирус, кој за првпат е пронајден во Кент, ќе стане доминантен во светот и дека досега сите вакцини регистрирани во земјата се покажале ефикасни против него.
Професорката Пикок потврди за Би-би-си дека новиот вид се проширил во Велика Британија и дека најверојатно ќе се прошири во целиот свет и дека досега е потврден во повеќе од 50 земји.
Пикок рече дека вакцините одобрени за употреба во Велика Британија се чини дејствуваат добро против постојните верзии на вирусот во земјата и дека е нормално вирусот да мутира, а само мал број од тие мутации имаат специфични карактеристики што го прават вирусот повеќе пренослив, имун на вакцини или потенцијален предизвикувач на посериозна болест.
– Би рекла дека ретко се случува, но мора да внимаваме на тоа – изјави британската научничка за Би-би-си.